Top Sport

Флојд може во ММА рингот до крајот на годината!

Флојд Мејведер Јуниор открива дека може да дебитира во УФЦ пред крајот на годината, во обид да добие ри-меч со Конор Мекгрегор во октагонот.

41-годишниот Американец се повлече од боксот по 50. победа во кариерата над Мекгрегор минатиот август, и сега верува дека може да биде подготвен за меч оваа година.
„Веќе почнав да тренирам, не физичкиот дел, туку движењето и трчањето. Размислувам да влезам во ММА, тоа е сигурно. Веќе направив камп во Мајами и би можел да се борам до крајот на годината. Во моментов шансите се 50-50, но почнав со тренинзи“, вели Мејведер во интервју за „Фајт хајп“.

Мејведер претходно го ангажираше УФЦ шампионот во велтер-категорија, Тајрон Вудли како спаринг-партнер.

„Ќе работам со различни луѓе во џиу-џицу светот. Борењето, ќе се обидам да најдам неколку борачи. Работата со нозе, имам луѓе и за тоа. Пред да влезам во октагонот морам да бидам целосно подготвен“, додава Мејведер.

Scroll to Top