Американката Линдзи Вон заработи нова повреда по финишот на супер-џи тркта во Сент Мориц во саботата, Швајцарката Лара Гут имаше незгоден пад, додека Јасмин Флури стигна до својата деби победа од Светскиот куп.
Четирикратната шампионка од Светскиот куп, Вон, падна на снегот со гримаси кога успори по влегувањето во целта, со повреда на ’рбетот, како што јавуваат првите вести од нејзиниот камп. Таа помина еден час во медицинскиот центар, по што беше однесена надвор од патеката, движејќи се со голема тешкотија.
Video of Lindsey Vonn suffering a back injury in her run, dropping to the snow after finishing (sorry no sound). pic.twitter.com/QLTywWlb1E
— Nick Zaccardi (@nzaccardi) December 9, 2017
Гут, пак, која неодамна се врати по сериозна повреда на коленото, ја загуби контролата на патеката излегувајќи во сигурносната мрежа, пред да добие помош да излезе од мрежата од официјалните лица на патеката. Шампионката од СК од 2016, ги скина лигаментите на коленото на истата патека во Сент Мориц на Светското првенство во февруари.
La brutta caduta di Lara #Gut: per fortuna si rialza pic.twitter.com/fQOk3ttPsc
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) December 9, 2017
По овој „хаос“, Швајцарката Јасмин Флури, која досега немаше подиум во кариерата, стигна до изненадувачка победа со 1:02.59, за 0.10 секунди пред сонароднишката Мишел Гисин, додека Тина Вајратер од Лихтенштајн беше трета.