Швајцарецот Беат Фојц е победник на последниот спуст пред Олимпијадата во Пјеонгчанг, откако победникот од Венген успеа да биде побрз за 0.18 секунди пред Австриецот Винсент Крихмаер и Италијанецот Доминик Парис во Гармиш-Партенкирхен.
Фојц предноста ја направи во вториот дел од тешката патека Кандахар, добивајќи на брзина на скокот. Ова е трета победа за скијачот од Шангхнауер оваа сезона, а во последните три спуста (Венген, Кицбил, Гармиш) има две победи е еден подиум, за совршено испраќање на Олимпијадата. 30-годишниот Фојц има вкупно 10 победи од СК.
Во недела, во Гармиш се оддржува велеслалом, по што во вторник следува градската трка во Стокхолм во паралелен велеслалом, последно натпреварување пред Олимпијадата во Јужна Кореја.