Top Sport

Фоњини: Еден ден ќе раскажувам дека сум играл со Федерер и Надал

Италијанскиот тенсиер, Фабио Фоњини признава дека се чувствува дека има привилегија да игра во истата ера со големата „тројка“ во тенисот, Рафаел Надал, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Светскиот рекет број 15., познат по својот темперамент на тенискиот терен и понекогаш по непромислените гестови, вели дека еден ден ќе им раскажува на луѓето како е да се игра против такви тенисери.

„Тоа веќе е дел од тениската историја и еден ден ќе можам да се пофалам дека играв со нив, дека губев и ги победував, дека елитниот спорт ми дозволи да бидам покрај такви величини“, вели Фоњини пред турнирот во мексиканскиот Лос Кабос.

Фоњини исто така изјави дека не е потребно професионалните тенисери да се жалат на својот живот.

„Имаме голема среќа што имаме ваква работа. Спортот е тежок, но во исто време е прекрасен – кариерата е многу долга, со многу добри и лоши спомени, но шетаме низ целиот свет и заработуваме добро“, вели Фоњини.

Scroll to Top