Top Sport

Фоњини го освои Сао Пауло

Фабио Фоњини се врати по лошиот старт а со 1:6/6:1/6:4 да го совлада Чилеанецот Николас Хари во финалето на Бразил опен во Сао Пауло.

Италијанецот се мачеше со силниот сервис на Хари на почетокот на мечот, и 22-годишниот Чилеанец, кој го играше своето прво финале, го освои првиот сет за само 21 минута. Но, Фоњини ја смени играта во следните два сета, за да го победи уморниот противник за шеста АТП титула во кариерата.

„Тој започна навистина  добро и морав да почекам да го ’смири’ сервисот. Секогаш сум играл добро во Сао Пауло, но титулата секогаш ми бегаше, така што навистина ќе уживам во овој трофеј“, изјави Фоњини.

Фото: ЕПА

Scroll to Top