Top Sport

Фоњини: Секс 12-15 пати неделно, секогаш пред натпревар

Новокрунисаниот шампион од Мастерсот во Монте Карло, Италијанецот Фабио Фоњини секогаш бил контроверзен по своето однесување на теренот и коментарите надвор од него, но овојпат преку социјалните мрежи откри некои детали за неговиот брак со поранешната гренд слем шампионка, Флавија Пенета.

Тој открива дека има навистина богат сексуален живот дури и кога го чека тежок меч.

„Сигурно 12-15 пати неделно. И кога играм на турнир. Барем седум-осум пати. Препорачувам секс пред секој натпревар“, вели Фоњини.

Фоњини исто така открива дека го добил првиот бакнеж на 15, а ја загубил невиноста на 17 години, но вели дека немал многу жени во својот живот.

„Мојата сестра и Флавија секогаш ми го проверуваат телефонот, така што нема простор за неверство. Не сум имал многу жени, а единствената позната е Флавија“, додава Италијанецот.

Фоњини зборува и на тениски теми, посебно односите со Рафаел Надал, кого го победи во полуфиналето во Монте Карло.

„Секогаш има караници со него и затоа повеќе го преферирам Федерер. Надал секогаш троши време, бара физиотерапевт. Тоа не ми се допаѓа“, додава Фоњини.

Scroll to Top