Италијанскиот тенисер, Фабио Фоњини знае што сака кога е во прашање професионалниот тенис. Тој истакна дека сон му е да игра финале на Ролан Гарос и тоа против швајцарскиот ас, Роџер Федерер. Тој не крие дека Федерер е неговиот идол.
„Би сакал да играм финале на некој грен слем против мојот идол Роџер Федерер. Најдобро би било тоа да е на Ролан Гарос, иако тој го пропушти тој турнир неколкупати во последните години“ – рече Фоњини.
Италијанскиот тенисер со својата сопруга, екс-тенисерката Флавија Пенета, моментно се во карантин.
„Се уште не сум подготвен да продолжам со тренинзите. Коронавирусот го фрли спортот на колена и сега најдобро е да бидеме дома“ – рече тој.