Top Sport

Форфанг скокаше најдалеку на првиот Светски куп во Русија (видео)

Норвежанецот Јохан Андре Форфанг е победник на првото натпреварување во Светскиот куп во скијачки скокови во Русија, откако имаше скокови од 135.5 и 129 метри на скокалницата во Нижниј Тагил.

Форфанг до својата прва победа оваа сезона стигна со 264.4 поени пред Полјакот Пјотр Зила со 263.2 (133 и 131 метар) и Јапонецот Рјоју Кобајаши со 262 поени (134 и 130 метри). Топ 5 го комплетираа Германецот Штефан Лејхе и Австриецот Штефан Крафт. Кобајаши останува лидер во генерален пласман.

Фото: ЕПА

Scroll to Top