Top Sport

Форже: Федерер ги гледа само своите интереси

Директорот на Мастерс турнирот во Париз, поранешниот тенисер Ги Форже го нападна Роџер Федерер поради неговата одлука да се повлече од последниот турнир од редовната сезона.

Швајцарецот ја објави одлуката по освојувањето на домашниот Свис Индорс турнир осми пат во неделата. Поради оваа одлука, Рафаел Надал може да го обезбеди првото место на АТП листата за 2017 со победа во второто коло во среда против Хјеонг Чунг.

Организаторите во Париз се надеваа дека Надал и Федерер ќе се „судрат“ на турнирот во Берси, но Федерер го разочара Форже.

„Можете да замислите колку бев разочаран и исфрустриран. Му се јавив на неговиот агент и тој ми кажа дека треба му е потребно време за опоравување бидејќи годината е при крај. Ќе го забележиме тоа. Немаме други опции. Направивме сè што можевме Роџер и Рафа да бидат тука, но Рафа ќе биде сам. Има и други големи шампиони“, вели Форже.

Тој исто така не сфаќа зошто Федерер би дал приоритет на домашниот турнир во Базел, кој е Мастерс 500 во споредба со Мастерс 1000 турнирот во француската престолнина.

„Секој тенисер, по дефиниција, си ги гледа своите интереси, и прави избори. На 36 години посветуваме многу повеќе внимание отколку на 25 години. Сепак, мислев дека Мастерс 1000 турнир е еден од деветте најголеми на календарот. Кога тенисер, кој и да е, ќе се откаже од турнир за кој ветил дека ќе биде, тоа го слабее кредибилитетот. Рафаел Надал е тука. Другите направија напор. Некои беа на операција, некои ги извадивме од болничките соби“, вели Форже.

Scroll to Top