Top Sport

(Фотогалерија) Одбојка за мерак, Македонија се чекира за осминафинале

Македонските одбојкари забележаа максимална победа над Црна Гора, која ги доближи до пласман во елиминациската фаза на Европското првенство.

По победата над Данска во првото коло со 3:1, Македонија ја победи Црна Гора со 25:22, 25:18, 25:20.

Пред бучната публика во СЦ „Борис Трајковски“, тимот на Јошко Миленковски најдобро ги покажа своите квалитети – борбеност до последен здив за националниот дрес.

Наредени противници на Македонија, во Ц-групата ќе бидат Полска, Холандија и Чешка.

Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк

 

Scroll to Top