Top Sport

Фрајтаг скокна 145 метри за победа (видео)

Рихард Фрајтаг стигна до својата втора победа во последните три индивидуални натпреварувања во Светскиот куп во ски скокови, откако со скокот од 145 метри ја потврди домашната победа во Титизе-Нојштад.

26-годишниот Фрајтаг во скратената сесија доминираше пред својот сонародник Андреас Велингер, додека трет беше Норвежанецот Даниел-Андре Танде. Ова е седма победа за Германецот во СК, а минатиот викенд во рускиот Нижниј Тагил исто така остварија 1-2 победа со Велингер, со што се промовираа во први фаворити за новогодишната турнеја „4 скокалници“.

Во генерален пласман, Фрајтаг има 370 поени, пред Велингер со 319 и Танде со 280 поени, додека четврт е актуелниот шампион од Светскиот куп, Австриецот Штефан Крафт со 212 поени.

Scroll to Top