Top Sport

Французите поведоа со 2:1 во финалето од Дејвис купот

Франција е на чекор до 10. титулата од Дејвис купот, откако Ришар Гаске и Пјер-Иг Ербер со 6:1/3:6/7:6(2)/6:4 ги совладаа Рубен Бемелманс и Јорис де Лоре во Лил за да поведат со 2:1 против соседите Белгија.

Француската двојка, за која ова беше прв меч заедно, губеа со брејк негатива во третиот сет, кога Бемелманс доживеа „колапс“ на својата игра пред гласната публика и дозволи Французите да се вратат.

Во петокот Давид Гофан го победи Лукас Пуј, пред Жо-Вилфрид Цонга да израмни со победа над Стив Дарси. Утре на програмата се „обратните“ сингл натпревари – Гофан игра со Цонга, а Дарси со Пуј.

Scroll to Top