Шампионот од Тур де Франс, Крис Фрум ќе вози на Џиро Д’Италија следната година во обид да ја комплетира колекцијата на големите велосипедски трки.
Фрум, кој оваа година триумфираше на Тур де Франс и на Вуелта Еспања, првпат од 2010 година ќе вози на италијанската класика, и ако победи ќе стане само третиот велосипедист во историјата кој ги имал трите големи трки во исто време.
„Ситуацијата е уникатна за мене, бидејќи победив на Тур и на Вуелта и сега имам шанса да одам на трета победа во низа. Возбудливо е да се прифати овој голем предизвик и да се направи нешто изненадувачки“, вели Фрум.
Трката стартува во Израел на 4 мај.