Top Sport

Фрум на чекор од славна победа на Џирото (видео)

Крис Фрум се наоѓа пред можеби најголемиот, а сигурно најнеочекуваниот триумф во кариерата, по крајот на претпоследната 20. етапа на Џиро Д’Италија.

Британскиот четирикратен шампион од Тур де Франс и актуелен шампион од Вуелта Еспања, го дели една етапа од историски подвиг – во исто време да ги има големите три титули, откако имаше интересна пресметка со холандскиот ривал Том Думулин на последното искачување на 20-тата етапа до Червинија,  која му припадна на Шпанецот Микел Ниеве, и тоа на неговиот роденден.

Фрум и актуелниот шампион Думулин се тркаа на последното искачување од 214 километри долгата етапа на Алпите, но велосипедистот на Тим Скај одговори на сите предизвици и заврши на седмото место, а Думулин (Санвеб) заврши шест секунди зад него.

Со ова 32-годишниот Фрум во недела во Рим ќе влезе со предност од 46 секунди пред Думулин и е на чекор да стане првиот британски велосипедист со победа на италијанската класика. Тој го одбележа својот кам-бек со фантастични победи на Монте Цонколан и во Бардонекија во петокот и би станал само третиот велосипедист кој во исто време е актуелен шампион на сите три трки по Еди Меркс (1973) и Бернар Ино (1982).

Ниеве стигна до победа на својот 34. роденен за петта етапна победа на неговиот тим Мичелтон-Скот и мала утеха откако Сајмон Јејтс, кој долго ја носеше розевата маичка, капитулираше во петокот. Ова е трета етапна победа на Ниеве.

Scroll to Top