Top Sport

Фрум се врати, очекува брз крај на „сагата“

Четирикратниот шампион од Тур де Франс, Крис Фрум заврши во главната група на првата етапа на Рута дел Сол во Шпанија, во неговиот прв настап по позитивниот тест на салбутамол за време на минатогодишната Вуелта Еспања.

Фрум не беше суспендиран за „ненормалниот“ тест на салбутамол за време на Вуелта, каде што триумфираше, но иако претседателот на Интернационалната велосипедска унија (УЦИ), Давид Лапартиен побара неговиот тим Скај да го суспендира до крајот на истрагата, Фрум реши да се врати на натпреварувањето.

Фрум заврши во главната група на етапата од Михас до Гранада, во која победи Французинот Томас Буда (Директ Енерги) во спринтерски финиш.

„Беше добро да се вратам на тркање. Беше навистина импресивно што велосипедистите од другите тимови дојдоа да ми понудат поддршка. Знам дека не направив ништо погрешно и има процес кој трае и кој треба да го ‘исчисти’ моето име. Немаше да биде подобро да седев дома“, вели Фрум.

Scroll to Top