Роџер Федерер се пласираше во четврт-финалето на Австралија опен, откако во три сета (6:4, 7:6, 6:2) го доби дуелот со Мартон Фусович. Вториот носител и бранител на титулата за пласман во поу-финалето ќе игра против Чехот Томаш Бердих.
Федерер против унгарескиот тенисер на теренот мина нешто повеќе од два часа, но иако мечот го доби во три сета Фусович на фаворитот му пружи добар отпор.
Првиот сет го реши брејкот кој Федерер го направ во десеттиот гем, откако претходно во шесттиот гем Унгарецот спаси три топки за брејк.
Вториот сет, кој Швајцарецот го доби во тај-брејк, беше клучен за конечниот исход на овој меч
Федерер по 14.пат е меѓу најдобрите осум во Мелбурн што е апсолутен рекорд.
За пласман во полу-финалето Швајцарецот ќе игра против Томаш Берди. Чехот во осмина-финалето лесно се справи со Италијанецот Фабио Фоњини 6:1, 6:4, 6:4.