Top Sport

Габи Томас е втората најбрза жена во историјата на 200 метри

Американската Габи Томас (24) постигна второ најбрзо време во историјата на трката на 200 метри, на митингот во Јуџин, Орегон.

Таа спомената делница ја претрча со време 21,61 секунди.

Рекордот и понатаму е во сопственот на Флоренс Грифит-Џојнер (21,34 секунди) кој го постави на ОИ во 1988 година.

Се чини дека Габи Томас би можела наскоро да го собори рекордот на спринтерката.

Второ време на митингот имаше Џена Прандини (21,89), додека трета низ целта помина Анавиа Бетл со резултат 21,95 секунди.

Најзвучното име, Алисон Феликс која го осигура пласманот на ОИ во Токио трката на 200 метри ја заврши на четвртата позиција.

Scroll to Top