Top Sport

Гарсија вели – Ме гризна и ми викна: Мајк Тајсон! (видео)

Поранешниот двократен светски шампион Дени Гарсија го совлада Украинецот Иван Редкач на поени за да се доближи до меч за титула во велтер категорија, но исходот на мечот беше во сенка на инцидентот кога Редкач го гризна својот противник, слично како што Мајк Тајсон легендарно му откина дел од увото на Ивандер Холифилд.

Гарсија доминираше во мечот, кој го доби со 118:110, 117:11 и 117:111 кај судиите, но не успеа да стигне до нокаут во првиот меч по девет месеци пауза во „Барклис центарот“ во Њујорк. Редкач (23-1-5, 18 КО) доби добар ќотек, а судијата пред деветтата рунда мораше да проверува дали тој е во состојба да продолжи. Мечот продолжи, а Редкач реши да врати со гризење на Гарсија на левата страна на вратот.

„Тој ме гризна и ми кажа: ’Мајк Тајсон’. Му се пожалив на судијата бидејќи мислев дека ми се потребни конци. Ова е првпат да ми се случи ова, наликуваше на улична борба“, изјави Гарсија.

Scroll to Top