Четвртата носителка на Бризбејн интернешнл, Каролине Гарсија го напушти теренот во солзи откако поради повреда на грбот се повлече во првото коло против француската сонародничка Ализе Корне.
24-годишната Гарсија, која се мачеше со повреда на грбот и минатата сезона, го освои првиот сет со 6:3, пред Корне да израмни со ист резултат. Гарсија побара медицински тајмаут пред последниот сет, а откако сервираше двапати реши дека не може да продолжи.
„Постојано имам проблеми со грбот. Пред мечот имав болки, но не беше толку страшно. Во текот на мечот стануваше полошо и полошо и на крајот не можев да се движам. Две недели се долг период пред Австралија опен, но со грбот секогаш е комплицирано“, вели Гарсија.
Следна за Корне е Мирјана Лучиќ-Барони, која со 6:4/4:6/6:0 ја победи Германката Татјана Марија.
БРИЗБЕЈН ИНТЕРНЕШНЛ, 1.КОЛО
Корне (Фра) – (4) Гарсија (Фра) 3:6/6:3 пред.
(7) Севастова (Лет) – Стосур (Авс) 6:1/6:3
Коњух (Хрв) – Бертенс (Хол) 6:1/6:2
Томљановиќ (Хрв) – Ајава (Авс) 6:1/6:4
Круниќ (Срб) – Витхефт (Гер) 7:5/7:6(2)
Лучиќ-Барони (Хрв) – Марија (Гер) 6:4/4:6/6:0
Due to injury, Garcia retires at the start of the third set.@alizecornet is through to the second round at @BrisbaneTennis pic.twitter.com/FrsFW3fM0K
— WTA (@WTA) December 31, 2017