Top Sport

Гаске и Шарди во финалето во Росмален

Ришар Гаске ќе се судри со својот француски сонародник Жереми Шарди во финалето на подготвителниот турнир за Вимблдон во Хертогенбош, Холандија.

Гаске се намачи во три сета против Австралиецот Бернард Томич, пред да стигне до 6:4/6:7(6)/6:2 победа, додека Шарди имаше полесна задача против сонародникот на Томич, Метју Ебден победувајќи го со 6:4/7:5.

На женскиот турнир во Хертогенбош за титулата ќе се борат Србинката Александра Круниќ и Белгијката Кристен Флипкенс. Круниќ се врати од сет негатива за 2:6/7:6(4)/7:6(1) победа над Американката Коко Вандевеј, додека Флипкенс со 7:5/6:7(7)/6:4 ја победи Словачката Викторија Кузмова.

Фото: ЕПА

Scroll to Top