Младиот германски скијач Макс Буркарт го загуби животот на спуст-трката што се возеше во серијата Нор-Ам во канадскиот ски-центар Лејк Луис, соопшти Скијачката федерација на Германија.
17-годишниот Букркарт паднал на најстрмниот дел од патеката. Тој потоа со голема брзина се забил во заштитната мрежа.
При падот добил тешки повреди поради што бил хоспитализиран во болницата во Калгари, каде што починал.
Update | German skier succumbs to injuries sustained during Tuesday’s NorAm Cup competition at Lake Louise. Officials confirm Max Burkhart, 17, passed away in hospital on Wednesday https://t.co/Fqsp27Yecc #yyc (image: Instagram) pic.twitter.com/ZbiFccfGy9
— CTV Calgary (@CTVCalgary) December 7, 2017
Буркарт бил член на клубот од Гармиш-Партенкирхен.
Младиот Германец е вториот скијач што го загуби животот во Канада откако во претсезоната на тренингот загина Давид Паисон од Франција.