Top Sport

Германски велосипедски тренер со расистички испад

Патрик Мостер, спортскиот директор на Германскиот фудбалски сојуз се извини откако беше „фатен“ на камера како на Никлас Арнд му вреска да ги поминат „возачите на камили“, односно ривалите од Алжир и Еритреја.

На снимката јасно се гледа како Мостер ги повторува зборовите „Hol die Kameltreiber!“ кон Арнд, кој пред себе ги имаже Азедин Лагаб од Алжир и Амануел Гебреигзабиер од Еритреја.

„Во жештината на моментот и со желба да стигнеме до медал, го изгубив чувството за избор на зборови. Искрено се извинувам, не сакав да покажам непчитување“, изјави 54-годишниот Мостер, кој е поранешен велосипедист.

Арнд, кој заврши на 19. место го осуди својот тренер.

„Зачуден сум од инцидентот на олимписката трка на хронометар и сакам да се дистанцирам од изјавите на спортскиот директор. Такви зборови не се прифатливи, посебно на Олимпијадата, каде што треба да покажеме толеранција, почитување и ферплеј“, изјави Арнд.

На трката триумфираше словенечкиот ас Примож Роглич со разлика од над една минута пред Холанѓанецот Том Думулин и Австралиецот Роан Денис.

Scroll to Top