Top Sport

Германските скокачи и скокачки со „мешаното“ злато, четврти пат едноподруго

Катарина Алтхаус, Ана Рупрехт, Маркус Ајзенбихлер и Карл Гајгер беа убедливо најсилниот скокачки квартет, за Германија да освои злато во необичното натпреварување во мешани скокови на Светското првенство во Оберстдорф, триумфирајќи пред Норвешка и Австрија.

Ова е четврти пат во низа, по 2015, 2017 и 2019 година, германскиот мешан тим да стигне до златото, а клучни за победа беа скоковите на Алтхаус (104 и 99.5 метри) и на Ајзебихлер (100 и 98.5 метри). За Гајгер, ова е втор медал на шампионатот, откако вчера освои сребро на малата скокалница зад Полјакот Петр Жила.

Scroll to Top