37-годишниот ветеран Џастин Гетлин ја отвори својата сезона на отворено со тешка победа на Сеико ГП митингот во Осака, триумфирајќи на 100 метри со време од 10.00 секунди, за само 0.01 пред Јапонецот Јошихиде Кирју, додека трет беше Лалу Мухамад Зохри од Индонезија (10.03).
И во трката на 200 метри, победата отиде кај САД, откако Мајкл Норман беше совршен со 19.84 секунди, второ најдобро време оваа сезона, веднаш зад 19.76 на Дивајн Одудуру од Нигерија, поставено на 20 април.
Спринтерската колекција на победи ја комплетираше Американката Мика Бриско со победа на 100 метри со време од 11.33 секунди.