Top Sport

Ги прекршила Ковид протоколите, дискфалификувана од турнирот

Американската тенисерка Даниела Колинс е исфрлена од турнирот „World TeamTennis“ во Западна Вирџинија откако го прекршила Ковид протоколот.

Колинс која се наоѓа на 51 место на ВТА листата вниманието на јавноста го привлече минатиот месец кога жестокот го критикуваше најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Таа реагираше на коментарот на Ѓоковиќ по повод одржувањето на ју-Ес опен.

„Ја дисквалификувавме бидејќи ги прекрши Ковид протоколите, го напушти комплексот. Протоколите се направени за да се заштити здравјето и безбедноста на тенисерите“, рекол првиот човек на турнирот Карлос Силва.

„Новак ова е многу контрадикторно во однос на вашиот претходен коментар, кога рековте дека тенисерите кои се во Топ 10 треба да донираат за послабо рангираните. Никој ништо не заработил од февруари. Сега имаме добра шанса на Ју-Ес опен, чии челници сакат да се одржи турнирот со строги безбедносни протоколи. Ова е шанса да заработиме, а сега се појавуваат тенисери од светскиот врв кои велат дека идејата не е добра бидејќи нема да можат да ги донесат сите членови на своите тимови. Ако надлежните велат дека е безбедно тогаш треба да ги поддржиме. Лесно му е на некој кој заработил 150 милиони долари во кариерата само од турнири да им објаснува на другите што да прават со нивните пари, а потоа одбива на Ју-Ес опен“, напишала Колинс на „Инстаграм“.

Иако ги поддржа организаторите на Ју-Ес опен прашање е колку Колинс ќе може да ги почитува нивните протоколи кога не можела да ги почитува мерките за безбедност на турнирот во Западна Вирџинија.

Scroll to Top