Top Sport

Гимнастичар со предизвик за „ѕверот“ Еди Хол: Удри ме најсилно што можеш!

Поранешниот гимнастичар, Нил Вилсон одлучил да провери какво е чувството кога ќе те удри некогашниот најсилен човек во светот, Еди Хол.

Хол во 2017 година го освои „Strongmen“ натпреварувањето, по што одлучи да се повлече од тој спорт и да му се посвети на боксот.

Екс-шампионот напорно работи и се подготвува за мечевите кои го очекуваат, па во тек на подготовките Вилсон реши да проба колкава е моќта на хол. Тој на себе го имаше потребниот штитник, но од силниот удар гимнастичарот летна неколку метри наназад.

Инаку, Хол својот прв бокс меч ќе го има во Лас Вегас, во септември. Противник ќе му биде Хафтор Бјорнсон кој е познат под прекарот „Планината“.

Scroll to Top