Швајцарскиот скијач, Марк Гисин мораше со хеликоптер да биде пренесен во болница по страшниот пад на спустот во Вал Гардена, Италија.
30-годишниот Гисин не е скијач со мало искуство, и зад себе има една Олимпијада, а исто така доаѓа од скијачко семејство – Доминик Гисин и Мишел Гисин, кои се натпреваруваат во женскиот Светски куп се негови сестри.
Тој ја загуби контролата на патеката и излета при брзина од 120 км/ч, пред силно да тресне на замрзнатиот снег.