Top Sport

Ѓоковиќ 317 недели е број 1, Рубљов го скокна Федерер

Само една промена се случи во Топ 10 на АТП листата. Новак Ѓоковиќ ја започна 317 недела на првото место, тој има 2.023 поени повеќе од Данил Медведев. Андреј Рубљов го скокна Роџер Федерер на седмото место. Рускиот тенисер, кој играше во финалето на Мастерсот во Монте Карло, го бележи најдобриот пласман во кариерата.

Ѓоковиќ ја предводи АТП листата со 11.873 поени, Медведев е втор (9.850), трет е Рафаел Надал (9.490). Следуваат Доминик Тим (8.615), Стефанос Циципас (7.860), Александар Зверев (6.125), Андреј Рубљов (5.955), Роџер Федерер (5:875), Диего Шварцман (3.720) и Матео Беретини (3.453).

Давид Гофан е на добра пат да се врати во Топ 10, на новата листа е 12 во светот, додека прв пат во Топ 20 влезе талентираниот Италијанец, Јаник Синер.

Scroll to Top