Top Sport

Ѓоковиќ: Ако бев Американец, ќе ме пуштеа да играм на УС Опен

Новак Ѓоковиќ испиша историја победувајќи на отворањето на Вимблдон. На најпрестижниот тениски турнир во светот, како прв фаворит и бранител на титулата, тој ја брка својата 21. грен-слем титула, со што би се доближил до неговиот голем ривал Рафаел Надал, кој по овој критериум е најголем во историјата и има 22.

Ѓоковиќ во интервју за српските медиуми на Вимблдон го коментираше фактот дека нема да игра на УС Опен. Имено, тој не е вакциниран, па не може да влезе во САД.

Американските тенисери кои не се вакцинирани нема да имаат проблем да не играат, а Тенис Сандгрен пред неколку дена изјави дека не му е јасна таквата поделба.

„Пред неколку дена се допишував со Сандгрен и му се заблагодарив за поддршката што ми ја даде во јавноста во оваа ситуација. Тој кажа работи кои се сосема логични. Доколку на невакцинираните играчи им се забрани учество на тој турнир, тогаш правилото треба да важи за сите “, изјави Ѓоковиќ.

„Не ја гледам таа медицинска логика дека може да игра затоа што е државјанин на САД, иако не е вакциниран, а мене ми е ускратено тоа право. Ако имав американски „зелен картон“ или пасош, ќе ме пуштеа да играм. Ако има политичка логика, не би навлегувал во тоа. Знаете зошто не сакам да зборувам за тоа“, заклучи српскиот тенисер.

Scroll to Top