Новак Ѓоковиќ го оперирал повредениот лакт на десната рака, тврди специјализираниот тениски портал „Блик“. Според овој извор српскиот тенисер бил опериран во Базел.
Ѓоковиќ на тенисот му се врати на Австралија опен, откако претходно шест месеци паузираше поради повредата на лактот. Паузата и одморот од тенисот не ја подобрија состојбата со повредата, тој во Мелбурн испадна во четвртфиналето од Чунг, а покрај одличанта игра на тенисерот од Јужна Кореја причина за лошата партија на Ѓоковиќ беше и повредата.
Србинот на почетокот на неделата два дена бил на специјалистички прегледи во Прага, вчера се појави негова фотографија од Цирих на која е нејасно дали неговата десна раке е во гипс или е само бандажирана.
According to Blick Novak probably had surgery in Switzerland pic.twitter.com/Vvc6KBF4U1
— Basia (@BasiaID) February 2, 2018
„Блик“ тврди дека врз Ѓоковиќ била извршена флеш операција во Цирих која треба да ги реши неговите проблеми со повредата.
На клиниката, почитувајќи ја приватноста, не сакале да коментираат дали поранешниот „број 1“ бил кај нив изминатите денови.