Top Sport

Ѓоковиќ: Да мислев дека не можам до 20 гренд слема, ќе се пензионирав

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ не смета дека Рафаел Надал и Роџер Федерер се премногу далеку со 20 освоени гренд слема, признавајќи дека да сметал дека е така веќе ќе се пензионирал.

По неговиот катастрофален пораз од Надал во финалето на Ролан Гарос, Шпанецот ја освои 20-тата гренд слем титула исто како Федерер, додека тој остана на 17 големи трофеи. Надежта не го напушта Србинот.

„Да мислев дека е предоцна, веќе ќе бев пензиониран. Ќе продолжам до крај колку што имам во нозете и колку што имам љубов за овој спорт. Секојдневно се трудам да бидам подобар. Еден пораз не може толку да влијае. Имам, како што велат Англичаните, ‘цврста кожа’ и не дозволувам да ме разнишаат вакви шпекулации. Мене, Надал, а посебно Федерер веќе не пензионираа повеќе пати, но остануваме тука. Имам желба да играм тенис, и професионални цели“, вели Ѓоковиќ.

Scroll to Top