Новак Ѓоковиќ, по 130 минути голема борба, успеа да го победи Марин Чилиќ и да избори пласман во полу-финалето на мастерсот во Париз. Србинот го загуби првиот сет 4:6, а ги доби наредните два 6:2, 6:3.
„Чилиќ и вирусот ми се најтешки противници во претходните недели“, рекол Ѓоковиќ по драматичната победа.
Ѓоковиќ, во Париз загуби сет прв пат по 31.август, кога тоа му успеа на Тенис Сандгрен. По мечот, најдобриот тенисер во светот, уште еднаш ја покажа својата големина и ја воодушеви публиката кога со ракоплескање го испрати Чилиќ од теренот.
Nole applauding Cilic as he leaves the court. A true gentleman #Djokovic pic.twitter.com/0JlwUAYc7f
— NOVAK FAN ENGLAND ? (@GforceGill) November 2, 2018