Top Sport

Ѓоковиќ ги моли навивачите да не ја навредуваат судијката

Новак Ѓоковиќ повторно се огласи на социјалните мрежи откако претходно преку соопштение се извини за ненамерниот удар кон судијката, поради што беше дисквалификуван од Ју-Ес опен.

Ден по дисквалификацијата навивачите на социјалните мрежи го открија идентитетот на судијката. Навивачите на Ѓоковиќ најчесто пишуваат погрдни коментари за судијката. Според нив таа покажала завидни актерски способности откако топчето ја погоди во пределот на вратот.

„Драги мои навивачи, ви благодарам за позитивните пораки. Ве молам да имате во предвид дека и на неа и е потребна нашата поддршка. Не направи ништо лошо. Ве молам да ја поддржите“, напишал најдобриот светски тенисер на „Твитер“.

Scroll to Top