Светскиот тенисер број еден, Новак Ѓоковиќ, првиот турнир во 2022 година ќе го одигра во Обединетите Арапски Емирати. АТП турнирот во Дубаи на програмата е од 21. до 27.февруари. Ѓоковиќ пет пати во кариерата победил на овој турнир (2009, 2010, 2011, 2013 и 2020 година). Во првото коло тој ќе игра против Лоренцо Мусети од Италија.
Ѓоковиќе од пред неколку дена е во Дубаи, каде се подготвува за настап на турнирот. Во една од паузите зборува и за Зимските олимписки игри во Пекинг.
Во соработка со ЦМГ Европа ( China Media Group Europe)