Фудбалерот на Барселона Лионел Меси, напаѓачот на Јувентус Кристијано Роналдо и ѕвездата на ПСЖ Нејмар се наоѓаат на врвот на листата на најплатени спортисти во светот, во 2019 година. Оваа листа традиционално ја објавува магазинот „Форбс“. Меси, Роналдо и Нејмар се единствените фудбалери на оваа листа.
„Форбс“ наведува дека Меси заработува 127 милиони долари (92 милиони од платата и 35 милиони од спонзорите). Според нето платата, Меси го дели првото место со боксерот Саул Алварез, кој се наоѓа веднаш за Аргентинецот, Роналдо и Нејмар.
Инаку, најдобри спонзорски договори има Роџер Федерер. Швајцарецот годишно заработува од спонзорите 86 милиони долари.
На листата на на која има 100 спортисти, има и двајца од просторите на поранешна Југославија. Тоа се тенисерот Новак Ѓоковиќ кој се наоѓа на 17 место (50,6 милиони долари, 20,6 милиони од турнирите и 30 милиони од спонзорите) и кошаркарот Никола Јокиќ кој се наоѓа на 89 место со приходи од 26,2 милиони долари (25,5 милиони плата+0,75 милиони од спонзорите).
Американката Серена Вилијамс е единствената жена меѓу првите 100 со приход од 29,2 милиони долари таа се наоѓа на 63 место.
Топ 10
1. Лионел Меси (Аргентина, фудбал) – 127 милиони долари (92 милиони плата/35 милиони долари спонзори)
2. Кристијано Роналдо (Португалија, фудбал) – 109 (65+44)
3. Нејмар (Бразил, фудбал) – 105 (75+30)
4. Саул Алварез (Мексико, бокс) – 94 (92+2)
5. Роџер Федерер (Швајцарија, тенис) – 93,4 (7,4+86)
6. Расел Вилсон (САД, американски фудбал) – 89,5 (80,5+9)
7. Арон Роџерс (САД, американски фудбал) – 89,3 (80,3+9)
8. Леброн Џејмс (САД, кошарка) – 89 (36+53)
9. Стеф Кари (САД, кошарка) – 79,8 (37,8+42)
10. Кевин Дурент (САД, кошарка) – 65,4 (30,4+35)
Целата листа на „Форбс“ може да ја погледнете на овој линк.