Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, со пласманот во осмина-финалето, испиша историја на Ролан Гарос.
Ѓоковиќ, во третото коло, за 90 минути игра го декласира Ричардс Беранкис со 6/1, 6/4, 6/1 за пласман во осмина-финалето. Србинот 12 години по ред успеава да стигне во оваа фаза, што е апсолутен рекорд. На неговите големи ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер тоа им успеало 11 пати.
Ѓоковиќ, за пласман во четврт-финалето, ќе се бори против младиот Италијанец Лоренцо Мусети кој успеа да го победи сонародникот Марко Чекинато.