Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ денеска сосема заслужено загуби од расположен противник во големото финале во Париз. Младиот Русин, Карен Качанов одигра на високо ниво.
Новак сите заслуги му ги препиша на Качанов, па истакна дека за жал не успеал физички да се опорави од вчерашниот исцрпувачки меч со Федерер.
– „Карен потполно ја заслужи победата. Може да се каже дека феноменално го одигра цел турнир. Станува збор за млад играч и допрва се пробива, но всушност станува збор за играч од светска класа. Покажа голем квалитет, докажа дека ќе видиме уште многу од него во иднина. За жал, јас не успеав комплетно да се опоравам од вчерашниот меч. Но, сега не сакам да зборувам за тоа, сите заслуги одат на сметка на Хачанов“ – истакна Ѓоковиќ на прес-конференцијата.