Познатиот бренд „Лакост“, ќе ја прекине соработката со Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер има договор со оваа компанија до 2025 годива, вреден 9.000.000 долари на годишно ниво.
Швајцарскиот новинар, Бенжамин Венман, тврди дека наместо Ѓоковиќ, „Лакост“, ќе започне соработка со Венус Вилијамс.
„Лакост го претставува тенисот, основан е во 1933 година од поранешниот француски тенисер, Лакост. Од 2017 година амбасадор на брендот е Новак Ѓоковиќ, кој има договор до 2025 година. Меѓутоа партнерството со Ѓоковиќ не им донесе ништо добро во изминатите месеци. Некогашниот број 1, редеше негативни наслови, поради одбивањето да се вакцинира и поради депортацијата од Мелбурн. Лакост сака некое ново лице во рекламите“, пишува Венман.
Минатата недела, соработката со Ѓоковиќ ја прекина „Пежо“.