Top Sport

Ѓоковиќ: Мозокот ми работи „триста на час“

Новак Ѓоковиќ вели дека мотивацијата секогаш била клучна во неговата игра и додава дека се чувствува одлично, физички, ментално и во однос на тенисот. И покрај паузите во текот на годината, фокусот секогаш останува ист.

„Јас никогаш не се исклучувам. Можеби кога спијам. Сѐ друго е фокусирано на една работа. Мозокот ми работи 300 километри на час кога сум на АТП турнејата. Има многу адреналин и емоции. Кога ќе играш долго време, тоа ти станува вештина и знаеш како да ракуваш со тие моменти во текот на турнирот. Но, секој е различен“, вели Ѓоковиќ.

Тој открива дека идол во тенисот му била Моника Селеш.

„Со мојот прв тренер, Јелена Генчиќ постојано работевме на психолошкиот аспект и на стратегијата. Планирање, форхенд, бекхенд, скратени топки. Таа работеше со Моника Селеш и секогаш ми зборуваше како правела таа. Затоа, Моника ми беше вистински идол“, открива Србинот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top