Top Sport

Ѓоковиќ му честиташе на Надал за „борбениот дух“, а на Медведев за „неверојатната американска турнеја“

Новак Ѓоковиќ се огласи на социјалните мрежи со честитки до Рафа Надал и Данил Медведев за епското финале што го одиграа овие двајца на Ју-Ес Опен.

Финалето на најголемиот тениски стадион во светот „Артур Еш“ траеше речиси пет часа, а победи Надал со 3:2, откако Медведев успеа да се врти во мечот иако ги загуби првите два сета.

Надал ја освои 19 гренд-слем титула, четврта на Ју-Ес опен и сега е само на чекор зад Роџер Федерер.

Ѓоковиќ патот на Ју-Ес опен го заврши во четврт-финалето кога поради повреда го предаде мечот.

„Му честитам на Рафа што ја збогати историјата на нашиот спорт и што покажа неверојатен борбен дух. Честитки и за Данил на ова неверојатно лето на тврдите подлоги низ Америка. Треба да бидеш горд на себе си. Големите работи за тебе допрва ќе дојдат Секоја чест момци, во благодарам за овој фантастичен меч“, напишал Ѓоковиќ.

Scroll to Top