Новак Ѓоковиќ ќе и донира на Србија еден милион евра во борбата против коронавирусот. Најдобриот светски тенисер одлуката на новинарите им ја соопштил на „видео-конференција“ од Марбелја.
Ѓоковиќ на Србија ќе и донира респиратори и друга опрема неопходна во борбата против КОВИД-19.
„Респираторите се нај неопходната опрема за спасување на животи. Според состојбата во болниците тие се потребни уште денес и најдобро се краткорочно решение, но и долгорочно решение. Поради тоа решивме да донираме милион евра за респиратори преку мојот чичко Горан кој има влијателна мрежа на луѓе на кинескиот пазар. Стигнавме директно до производителот, секој ден ја чекаме информацијата за количината и цената. Мојот татко и мојата мајка имаат пријатели низ Европа, во Германија најдовме респиратори, нешто ќе купиме и таму. Ќе донираме онаму каде што е најпотребно“, соопштил Ѓоковиќ.
Инаку досега во Србија се регистрирани 457 заразени и седум починати од коронавирусот.