Top Sport

Ѓоковиќ: Не ми се допаѓа како се чувствував во третиот сет

Новак Ѓоковиќ признава дека е разочаран од шокантниот пораз во второто коло на Мастерсот во Монте Карло, но го пофали човекот кој го победи, Шпанецот Алехандро Давидович Фокина, признавајќи декаа во текот на целиот меч тој бил подобар тенисер.

„Честитки за Алехандро, тој беше подобриот тенисер. Најде вистински ритам, а јас бев на јажињата цело време. Постојано бркав резултат. Верував дека е возможно да се вратам и да победам, но многу работи беа против мене. Физички, далеку сум од најдобрите денови, а секогаш е многу тешко против специјалист за игра на земја. Очекував физички тест и тежок меч, и мојата недела завршува тука. Ви кажав дека ќе ми треба време да се навикнам на игра на земја. Морам да го прифаатам тоа и да работам. Не ми се допаѓа како се чувствував во третиот сет, едноставно немав сила. Не можев да реагирам на неговите поени“, вели Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ го нема минато четврт-финалето во Монте Карло од 2015 година, кога ја освои својата втора титула на Мастерс 1000 турнирот.

Scroll to Top