Top Sport

Ѓоковиќ не се предава така лесно

Новак Ѓоковиќ и покрај низата проблеми со повредите, не се откажува од желбата да се врати на тенискиот врв, на кој доминираше со леснотија до минатата година.

Српскиот тенисер сезоната 2017 ја заврши предвреме по повредата на лактот на Вимблдон во јули, по што се врати на Австралија опен во јануари, но по поразот во четвртото коло замина на операција. Духот не го напушти 30-годишниот поранешен светски број 1.

„Работам напорно и потта е вистинска. Ви благодарам за постојаната поддршка“, напиша Ноле.

Scroll to Top