Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по поразот од Јапонецот Таро Даниел (7:6, 4:6, 6:1) истакнал дека немал големи очекувања од мастерсот во Индијан Велс и дека избрзал со враќањето на тениските терени, по шестнеделната пауза поради операцијата на лактот.
„Му честитам на својот ривал, се бореше и покажа одличен дух на теренот. Јас се чувствував како да го играм својот прв АТП меч, многу чудно…Немав ритам, имав и здравствени проблеми изминатите недели. Благодарен сум што толку бргу се вратив, но во исто време не се чувствувам добро“, рекол Ѓоковиќ.
„Ми недостигаат натпреварите, но ќе мора да разговарам со тимот и да смислиме стратегија за понатаму. Господ секогаш ни дава предизвик кога тоа најмалку го очекуваме. Секогаш постои нешто добро, за се постои причина“, рекол Ѓоковиќ и дополнил.
„Не требаше да бидам овде, имав операција пред пет-шест недели, така што од турнирот немав никакви очекувања. Не успеав да го пронајдам ритамот, осбено на бекхенд, кој секогаш ми бил цврст како стена. И тоа е дел од некарактеристичните околности во кои се наоѓам во моментов.“
Новак Ѓоквиќ во кариерата пет пати го освојувал мастерсот во Индијан Велс.