Top Sport

Ѓоковиќ: Не го отпишуваjте Федерер, многумина згрешија

Новак Ѓоковиќ можеби нема да се судри со Роџер Федерер во финалето на АТП финалето во Лондон откако Швајцарецот загуби од Александер Зверев, но предупредува дека е „будалесто“ да се отпишува освојувачот на рекордни 20 гренд слем титули.

Федерер го освои Австралија опен во јануари и стана светски број 1 кратко потоа, но вториот дел од сезоната не помина најдобро, пред да загуби во полуфиналето во Лондон од Зверев. Но, Ѓоковиќ не се согласува дека годините го „фатиле“ 37-годишниот ветеран и дека сега единствено може да се оди надолу.

„Кога го гледате Роџер, очекувате да победи. Затоа е чудно за сите што нема освоено голема титула од јануари оваа година. Многу луѓе и претходно го отпишуваа, го праќаа во пензија многу, пати во последните пет години. Но, тој секогаш ги демантираше, освојувајќи нови гренд слем титули. Затоа, не го отпишувајте, тоа е мојот совет“, вели Ѓоковиќ.

Фото: ЕПА

Scroll to Top