Новак Ѓоковиќ и се придружил на Марија Шарапова и донирал пари за жртвите од катастрофалните пожари во Австралија. Руската тенисерка го „предизвика“ Ѓоковиќ да ја израмни нејзината донација од 25.000 долари.
„Австралија во последните 15 години во јануари е мојот дом. Сцените како огнената стихија уништува се пред себе ми го кршат срцето. Би сакала да почнам со донација од 25.000 долари. Новак можеш ли да ја израмниш мојата понуда“, му порача вчера Шарапова на српскиот тенисер.
Ѓоковиќ речиси експресно одговорил на „предизвикот“.
„Да Марија, би сакал да ја израмнам твојата донација од 25.000 долари со цел да ја дуплираме помошта за оваа ззаедница. Австралија со тебе сме“, напишал Ѓоковиќ на социјалните мрежи.
Yes, @MariaSharapova I would like to match your $25k donation to double the aid sent to these communities. We stand by you, #Australia. ?? https://t.co/wiUZHzg9cz
— Novak Djokovic (@DjokerNole) January 6, 2020