Top Sport

Ѓоковиќ: Ова дете ми помогна кога губев 0-2

Едно момче засекогаш ќе го има врежано во својата меморија, вчерашниот меч помеѓу Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас, во финалето на Ролан Гарос. По четири часа голема борба, српскиот тенисер успеа да направи пресврт и од 0-2, да дојде до победа 3-2.

По завршувањето на натпреварот, Ѓоковиќ, рекетот му го подари на момчето од првите редови.

„Не знам кое е детето, но го слушав цело време. Ме подржуваше и кога губев со 0-2. Дури и ми даваше совети во текот на мечот, како тренер. Тој беше најдобриот избор, сакав нему да му го дам рекетот, ме поддржуваше во текот на целиот меч“, рекол Ѓоковиќ.

Scroll to Top