Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ првпат по март 2007 година нема да биде меѓу најдобрите десет на АТП-листата.
Ѓоковиќ од Топ 10 го исфрли Хуан Мартин дел Потро, кој во третото коло на Мастерсот во Париз го победи Робин Хасе 7:5, 6:4.
Последен пат српскиот тенисер не бил меѓу најдобрите десет на 18 март 2007 година.
Некогаш најдобриот играч во светот поради повреда ја заврши сезоната во јуни. Негов последен меч беше четврт-финалето на Вимблдон кое му го предаде на Томаш Бердих.
Своето враќање на терените Ѓоковиќ го најави кон крајот на годината на егзибицискиот турнир во Абу Даби.
Дел Потро во моментов е 17. на АТП листата, а од понеделник првпат по јули 2014 година ќе се врати меѓу најдобрите десет.
Аргентинецот во наредното коло на Мастерсот во Париз ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Американецот Џон Изнер и Бугаринот Григор Димитров.