Новак Ѓоковиќ остана на добар пат на единствениот Мастер 1000 турнир на кој никогаш не триуфмирал (има пет порази во финалињата!), откако со 2:6/6:3/6:4 го победи актуелниот шампион Григор Димитров за 30-та победа оваа сезона.
Мечот беше одложен во четвртокот поради дожд, кога бугарскиот тенисер водеше со 6:2/3:1, но сега Србинот ќе се судри со Милош Раонич за само неколку часа.
Хуан Мартин дел Потро и Давид Гофан исто така победија за подоцна да се сретнат во четврт-финалето. Белгиецот Гофан со брзи 6:2/6:4 го победи финалистот од Вимблдон, Кевин Андерсон, додека Дел Потро во интересен меч ги искористи сите грешки на Ник Кирјос за 7:6/6:7/6:2 победа.