Новак Ѓоковиќ во два сета (7/6, 6/4) го победи Григор Димитров и се пласира во финалето на Мастерсот во Париз.
Србинот и Бугаринот одиграа одличен меч, а ситни детали го решија конечниот победник. Двајцата одлично сервираа поради што неверојатно звучи податокот дека во целиот меч имаше само две брејк топки.
Ѓоковиќ во петтиот гем од вториот сет доби две брејк топки, ја искористи втората и практично ја обезбеди победата.
Претходно вистинска драма се одвиваше во тај-брејкот на првиот сет. Димитров имаше предност 3:5, но до крајот Ѓоковиќ освои четири поени и го освои сетот.
Ѓоковиќ шестти пат ќе се бори за титулата на Мастерсот во Париз, а в недела против победникот од дуелот помеѓу Рафаел Надал и Денис Шаповалов ќе се бори за својата петта титула.